Полноќни богослужби за објавата на Христовото воскресение

Христијанските верници на полноќ ќе ја чекаат објавата на Христовото Воскресение – Велигден.
Централното чествување во Скопје, традиционално, ќе биде во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, каде што ќе се одржи Воскресна богослужба со Света Златоустова литургија.

Ќе богослужи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан кој утрово по повод Велика Сабота ќе богослужи и Света Василиева литургија со Вечерна во храмот „Св. Наум Охридски“ во населбата Радишани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.