„Поло“ излетало од мост кај Росоман, возачот загинал на лице место

Возач загина откако со автомобилот излетал од мост на Кршевичка река во близина на Росоман.

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, утринава, околу четири часот се случила тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Росоман-Градско.

До незгодата дошло кога возачот, 42-годишниот Зоран П. изгубил контрола над автомобилот „поло“ со кавадаречки регистарски таблички и излетал од мостот.

Од здобиените повреди, возачот загинал на лице место.