петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 67

Полов напад врз лице со Даунов синдром

polov-napad-1

Поврзани вести

Педесет и седум годишен маж од Кочани во два наврати извршил полов напад врз лице со Даунов синдорм. Случајот во полиција вчера во 19.00 часот го пријавила мајката К.Ј.(67) од Кочани.

Според нејзината изјава, во два наврати на 18.11.2015 година и 21.11.2015 година во објект-барака, лоцирана на ул.,,Македонска“ во Кочани, врз нејзиниот син Ј.Ј. (37), лице кое е со заостанат душевен развој ,,Даунов синдром“, било извршено друго полово дејствие од страна на Р.А. (57) од Кочани.

Пријавениот го повикал Ј.Ј.  да влезе во бараката, му рекол да се соблече и додека се соблекувал од половината надолу, Р.А. го извршил половиот напад. Над Ј.Ј. бил извршен лекарски преглед во ЈЗУ-Кочани.

Најчитани вести