Полов напад врз 13 годишно девојче во Битола

Кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „одземање на дете“ и „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ е поднесена против 25 годишниот А.А. од Битола.

Пријавениот на 01.03.2016 година околу 14 часот во Битола, пред основно училиште, со тргање го ставил тринаесетгодишно девојче во своето возило, по што ја однел во непознат правец, каде што извршил полови дејствија врз истата, информираат од полицијата.