Половичен успех на нашите тенисери

Македонскиот тенисер Димитар Грабул, кој настапува на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција, успеа да го совлада Молдавецот Андреј Чиумак со 2:0 (7:5 , 6:1) и да се пласира во второто коло од турнирот.

Грабул ќе се соочи со Сањар Фејзиев од Узбекистан.

Томислав Јотовски, пак, не успеа да го мине првото коло на ИТФ фјучерсот на Крит, Грција, откако загуби од Израелецот Боцер со 6-7,4-6.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.