четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

До половина час задржувања на граничните премини

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

granica

Последни вести

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничните премини можни се задржувања од 30-тина минути за влез и за излез од државата, информира вечерва Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај село Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Екипите на „Македонија пат“ продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Најчитани вести