Половина Македонија завеана во снег

Циклонот Давид синоќа продолжи со интензивни врнежи но од снег  на повеќе места ширум западна и источна Македонија.

Засега нема предизвикани штети и проблеми а снабдувањето со електрично напојување се одвива нормално. Во Скопје и околината има вренежи од дожд и снег, додека врнежи од снег има во Охридско, на Стража, Демир Хисар, Пелагонија, Делчево,  Попова Шапка, во Маврово и на Кожуф.

АМСМ синоќа информираше дека поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека и се препорачува да не се патува во текот на ноќта доколку не е итно.