Половина милион евра за невладини организации на ден пред избори

На самиот финиш од предизборната кампања, се интензивираа финансиските трансфери на сметка на невладините организации. Министерството за финансии денес објави дека се префрлени околу половина милион евра на сметките на невладините организации со што за овој месец, бројката на префрлени средства од државната каса на нивните сметки, достигна 39 милиони денари, објави Економски.мк

невладини 2

Засега нема податоци кому и за што се префрлени половина милион евра од буџетот.
Колку за споредба, невладините, од државниот буџет, примија 77 пати повеќе пари од вкупната вредност на сите префрлени субвенции на приватни претпријатија за месецов.

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски, на отворањето на денешната конференција „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија”, рече, дека невладините организации треба да бидат финансирани од Владата, но не треба да бидат купени со парите.

– Нашата интенција ќе биде реално да направиме проценка каде средствата дале ефект и колкав е тој ефект во општеството. Финансиите се лимитирани според буџетските можности, меѓутоа било каква друга помош секогаш ќе биде пружена ако е во насока на јакнење на јавниот интерес. Едностано од нас покрај што ќе барате парични средства барајте и друг тип на помош, изјави Рашковски.

драги

Меѓутоа, Владата не дава одговор за што се користат милионските суми кои ги префрлаа на сметките на невладините организации. Не дава одговор ниту кои се тие невладини организации и со што ги заслужиле милионите што им ги дава СДСМ од државните пари.

Наместо вложувања и реализација на капитални проекти и добра кои ќе обезбедат повеќекратни сегашни и идни користи, парите на и онака аномаличниот буџет се трошат на невладини организации и на останати непродуктивни проекти.

Додека економијата тоне во рецесија, просечните плати се намалуваат, државниот буџет е на дното, за Министерството за финансии, приоритет е префрлање пари на сметките на невладините организации.