ПОЛОВИНА МИЛИОН ЛУЃЕ ВО ОПАСНОСТ: Се буди супервулкан кај Неапол

Вулканското подрачје на југот на Италија, предупредуваат научниците, опасно е близу до евентуална ерупција, којашто би ги загрозил животите на повеќе од половина милион луѓе. Експертите веруваат дека магмата во вулканското подрачје Кампи Флегри, кое се наоѓа во близина на Неапол, воглавно под површината на морето, достигнала критично ниво, кое се опишува како „критично отпуштање притисок“.

Оваа фаза се карактеризира со нагло испуштање на вода богата со гасови, што би можело д доведе до пукање на кората и ерупција на вулканот, се наведува во извештајот објавен на крајот на 2016 година.

Осум научници во извештајот утврдиле дека во тоа  подрачје, еден од најгусто населените во светот, се забележани значајни деформации на Земјината кора и забрзано затоплување. Во раните педесети години од минатиот век забележани се знаци на будење на Кампи Флегрија, потоа во 2000 година следела пауза, но пред 10 години повторно почнале активности во тоа подрачје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.