Половина милион нерегистрирани бегалци во Германија

Половина милион нерегистрирани бегалци, односно баратели на азил пристигнале во Германија без претходно да бидат регистрирани било каде, според весникот „Билд“, пренесува „Раша Тудеј“.

Во среда министерството за внатрешни работи треба да го презентира извештајот за криминалните дејствија извршени од страна на бегалците во Германија.

На што се должи големиот број нерегистрирани бегалци?

Германското Министерство незнае речиси ништо за околу половина милион мигранти што влегле во земјата како бегалци, дознава „Билд“. Бегалците што пристигнуваат во Германија се обврзани да се регистрираат по пристигнувањето, но практично дури половината од нив не го сториле тоа.

Голем број мигранти не се регистрираат кај властите поради страв дека ќе бидат одбиени, „Билд“ ја цитира изјавата на нивниот извор од медиумите.

Половина милион нерегистрирани бегалци во Германија
Половина милион нерегистрирани бегалци во Германија

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезејер утре ќе го приложи извештајот за криминалните активности на мигрантите до Федералниот Кабинет. Во средината на март, претседателот на Федералната канцеларија за миграција и бегалци, Франк Јирген-Вајзе рече дека германските власти ќе дибијат точна слика за тоа кои лица престојуваат во земјата како бегалци.

Во Германија пристигнале 1,1 милион бегалци

Според податоците од минатата година, околу 1, 1 милион бегалци пристигнале во Германија. Најголемиот број азилобаратели се од Авганистан, Ирак, Сирија и од балканските држави.

Кон крајот на февруари, германскиот весник Зидојче Цајтунг пишуваше дека околу 13 отсто од мигрантите што официјално влегле во Германија во 2015-тата не го преземале сместувањето што било обезбедено за нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.