Половина милион роднини на сириски бегалци ќе дојдат во Германија

ХРВ бара ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција
ХРВ бара ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција

Предвидувањата на германските власти велат дека во земјата ќе пристигнат дополнителни 500 илјади членови на семејствата на бегалците кои што веќе аплицирале за азил, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според анализите, секој од сириските бегалци кој што ќе добие азил во Германија ќе донесе по еден член на своето семејство коешто сега е во Сирија или во некој од камповите во државите соседи на Сирија.

Според експертска анализа на подготвена од Федералната канцеларија за миграции и бегалци (БАМФ) во земјата се очекуваат околу 500 илјади жени, деца и родители коишто ќе им се придружат на своите роднини во Германија, објавува весникот „Зи Дојче цајтунг“.

Во последниве 17 месеци во Германија дошле околу половина милион бегалци од Сирија.

Во ноември минатата година претседателот на Асоцијацијата на општини на Баварија Уве Брандл кој е член на десната коалиција предводена од канцеларката Ангела Меркел предвиде дека во земјата до 2020 година како бегалци или членови на семејства на бегалци ќе влезат нови 15 милиони бегалци, со што бројот на муслимани во земјата ќе дојде до 20 милиони или близу една четвртина од населението.

Анализите на БАМФ се пониски и поради новите законски измени според кои бегалците во првите две години немаат право да донесат членови на своите семејства освен во исклучителни случаи на деца кои што немаат родителска заштита.