Половина од луѓето имаат „перверзни“ фантазии: Дали сте меѓу нив?

Истражувачи од Универзитетот во Квебек откриле дека речиси половина од возрасните жители на Канада ги привлекуваат работи кои се на листата на девијантни однесувања.

Дури 45,6 отсто од мажите и жените има барем една сексуална фантазија која би можела да се смести во парафилија, а 33,9 отсто ја имаат остварено таа желба.

Професорот Кристијан Џојал кој бил лидер на студиите вели дека некои „девијантни“ сексуални желби се многу почести отколку што мислат луѓето.

-Главната цел на студиите било да се испитаат сексуалните желби и искуства на популацијата. Точно е дека мажите се повеќе подложни на парафилија, но тоа не значи дека жените немаат чудни сексуални фантазии.

На листата на парафилија се воајеризмот, шпионирање други луѓе додека имаат секс, изложување на гениталиите на јавни места, мазохизам, трпење болка и понижување за време на сексот, садизам и други облици на сексуално однесување.

-Парафилите се можеби и неопходни за некои личности да постигнат сексуално задоволство. Тоа не е ментално пореметување, туку сексуално однесување кое отстапува од нормите, вели професорот.