Половина тон вода за штипјани

Високите темперетури и дополнително ден петок, кој е пазарен ден во Штип, беа причина локалната самоуправа да подели половина тон вода за граѓаните. Иако е на сила советот според кој треба да се избегнува изложување на сонце во периодот од 10 до 17 часот, пазарниот ден како и секогаш ги извлече штипјани надвор. Без оглед на високите темперетури, пазарните обврски не можат да бидат одбегнати па денес низ центарот на Штип и во близина на градскиот пазар беше многу раздвижено. Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев по 10 часот, денес делеше вода за штипјани, пренесува порталот „1.мк“

„На овие жештини, коага темепретурите се над 40.тиот степен, водата е најпотребна, за организмот да функционира како што треба. Затоа и ние денес поделивме половина тон вода, во мали шишиња, за оние кои поминуваат кај мини плоштадот кој неодамна го конструиравме. Знам дека луѓето имаат обврски, некои се неизбежни и мора да се завршат а тоа значи да се излезе и надвор на ова жешко сонце. Сепак, јас апелирам оние кои немаат потреба да излегуваат да останат дома, во сенка, на ладно и да конзумираат што повеќе вода“, вели Захариев.

zahariev2

Потрошувачката на вода е зголемена во Штип и таа изнесува околу 298 литри во секунда, што е зголемување од околу 10% во споредба со деновите кога темперетурите беа пониски. Според Ангел Бојаџиев, в.д. директор на ЈП „Исар“ и покрај зголемувањето на потрошувачката, Штип има доволно вода и нема опасност од рестрикции. Сепак апелираше водата да се користи рационално и да не се расфрламе со неа, пренесува „1.мк“