Положани: Во Струга се случува злосторство

Стружанецот Шпетим Положани, еден од најистакнатите албански личности во македонската јавност, овој пат остро ги напаѓа граѓаните на Струга поради нивното нереагирање за депонијата која во градот предизвикува големо загадување.

Во Струга се случува злосторство. Мојот седумгодишен внук, кој куќата ја има на 200 метри оддалеченост од центарот на отпадот во Струга, оваа вечер ќе ја помине во болница како и во други случаеви кога дува северниот ветер, кој што десетици тони отрови ги носи над Струга. Сите се сведоци на овој криминал, додека пак криминалецот што на Струга и ја донесе оваа канцерогена бомба е награден со позиција на министер. Ајде мои стружани ајде, се уште не ви дојде паметот, вели огорчениот Шпетим Положани.