Положено цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева во чест на големиот македонски државен празник 11 Октомври, денес положија цвеќе пред Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел.

По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништа, политички партии и други здруженија.

2

Покрај Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, цвеќе беше положено и пред гробовите на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред гробот на генерал Михајло Апостолски, лоцирани во градските гробишта “Бутел”.