Положени цвеќиња пред спомениците на АСНОМ, Никола Карев и на Методија Анонов Ченто

По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 70-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 111-годишнината од Илинденското востание делегации на Градот Скопје и на Советот на Град Скопје денеска /02.08.2014 година/ положија цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“.

Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, претставници од Владата и од Собранието на Република Македонија, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашата земја, здруженија на граѓани и организации.