Положување на крстот за Водици во општина Илинден по деветти пат

Општина Илинден по повод претстојниот православен празник Богојавление (Водици), во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, и годинава традиционално по деветти пат oрганизира положување на крстот во езерото на хотел Бест Вестерн-Белви, во населба Илинден.

По тој повод се повикуваат граѓаните на 19.01.2017 г. (четврток) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.

За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати Богојавленскиот крст, обезбедени се пригодни подароци.