Полска не сака да прифати автоматски квоти

Европската унија мора да им помогне на луѓето кои бегаат од војна и Полска е подготвена да разговара за својата улога во тоа, но не сака да прифати автоматски квоти, изјави денеска премиерката Ева Копач, со што уште еднаш го повтори ставот и на други земји од централна и источна Европа.

Таа додаде дека државата не избегнува одговорност и цврсто поддржуваат европска солидарност.

Инаку, Европа во моментов се справува со најголемиот наплив на мигрантим кои во главно бегаат од сиромаштијата во Африка и од војните на Средниот Исток.

Германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја годинава очекува да прифати околу 800.000 мигранти, во вторникот изјави дека бегалците би требало да бидат редистрибуирани во 28-те земји членки на Унијата, во зависност од можностите на земјата да ги прифати.

Одлуката која нема да земе предвид дадени можности на државата може да се покажe како целосно контрапродуктивнa. Затоа се противиме на какви било автоматски квоти, но сме подготвени да разговараме за нивото на нашето ангажирање врз доброволна основа. Полска не се откажува од одговорност, нашите одлуки мора прво да бидат ефективни и да обезбедат помош за оние на кои што им е потребна, но не и за оние што гледаат шанса за подобар живот во Европа (мигрантите), изјави Копач, во одговор на решението за автоматски квоти, пренесува Дејли меил.

Со ова Копач уште еднаш нагласи дека треба да се прави терминолошка разлика помеѓу бегалците и мигрантите.

Копач нагласи дека Полска целосно ја поддржува „европската солидарност“.

Не ја вртиме главата од проблемите на нашите европски партнери, драмата на луѓето што ги ризикувале сопствените животи за да стасаат на нашиот континент, рече таа.

Во јули, Полска се согласи да прифати повеќе од 2.000 бегалци од сирија и Северна Африка до 2017-тата.

Претходно, полскиот министер за надворешни работи Грегор Шетина изјави дека европа треба да направи се што е во нивна моќ, за да го спречи влезот на илегалните мигранти, иако, како што нагласи, Варшава е подготвена да ја сподели грижата и да им даде засолниште на бегалците кои имаат вистински потреби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.