Полска доби нова Влада

Пред претседателот на Полска, Бронислав Коморовски заклетва денеска во Варшава положи новата влада на премиерката Ева Копач.

Во Владата се пет нови и 13 досегашни министри кои поднесоа оставка заедно со претходниот премиер Доналд Туск, бидејќи тој од 1 декември ја презема функцијата претседател на Европскиот совет.

Ева Копач е 57 годишна лекарка некогашна министерка за здравство, притоа прва жена на чело на полскиот парламент, а втора жена на чело на владата во историјата на Полска.Taa ја најави својата главна цел а тоа е да ја поврати довербата на граѓаните.

„Уште денеска ги молам Полјаците за доверба,“ изјави премиерката по инаугурацијата на владата која својата програма пред пратениците ќе ја претстави на 1 октомври и ќе побараат доверба да ја водат земјата уште една година до редовните избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.