Полска и Чешка се против санкции за Унгарија

Чешката влада го поддржува унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако Европскиот парламент вчера изгласа активирање на фамозниот член 7 од Договорот за ЕУ и за покренување кривична постапка против Унгарија поради неусогласеност со правилата на ЕУ, рече денеска премиерот на Чешка, Андреј Бабиш.

Иако беше изгласан овј член, попознат како „нуклеарна опција“, се претпоставува дека оваа иницијатива има мали шанси да доведе до најстрогите казни или одземање на правото на глас на Унгарија.

Оваа глупост носи само негативни чувства кон Европската унија. Наместо да бидеме сложни, имаме политика. Поради тоа стојам до Орбан, ние сме сојузници, изјави Бабиш.

И Полска, исто така, објави дека ќе се спротивстави на какви било санкции против Унгарија.

Секоја земја има свое суверено право да ги спроведе внатрешните реформи што ги смета за неопходни.Акциите против земјите-членки служат само за продлабочување на поделбите во ЕУ, зголемувајќи ја недовербата кон граѓаните во европските институции, објави полското Министерство за надворешни работи во средата.