Полска и Хрватска во директен дуел за 1/2 финале

Ракометната репрезентација на Полска во последната рунда натпревари од првата фаза со триумфот над Русија во последен миг обезбедија место за втората фаза, а сега се наоѓаат во позиција да се борат и за полуфинале на Европското првенство во Данска.

Полјаците во претпоследниот натпревар во втората фаза неочекувано ја совлада Шведска со 35:25, а во последното коло во директен дуел со Хрватска ќе се борат за пласман меѓунајдобрите четири селекции на првенството.

Лијевски беше најефикасен со шест гола кај Полјаците а Лучак заврши со пет погодоци. Кај анемичните Швеѓани најдобар беше Екдал со шест погодоци.

Претходно Хрватска и Франција немаа проблеми против Русија односно Белорусија.

РЕЗУЛТАТИ – ГРУПА 2

Русија – Хрватска 25-33
Франција – Белорусија 39-30
Полска – Шведска 35-25

ТАБЕЛА: Франција 8, Хрватска 6, Полска 6, Шведска 4, Русија и Белорусија без бодови.