Полска ќе ја преиспитува законитоста на реизборот на Доналд Туск

Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски изјави дека гласањето за реизбор на Доналд Туск за претседател на Европскиот совет, било „лажно“ и покажало дека ЕУ има „двојни стандарди“.

Според него, на Самитот на ЕУ на кој беше реизбран Туск, било спроведено „псевдо гласање“, затоа шти лидерите биле само прашани дали е некој „против“ реизборот, но не и дали се „за“ и дали има некој „воздржан“.

Поради ова, според  Вашчиковски, Полска ќе иницира постапка за преиспитување на законитоста на реизборот на Туск за претседател на Европскиот совет.

На последниот Самит на ЕУ, на кој Туск беше избран за втор мандат на функцијата, Полска беше единствената членка на Унијата која беше против реизборот.  Инаку, Туск е поранешен премиер на Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.