Полска: Над 150 лица завршиле во болница по конзумирање „снагатор“

Над 150 лица побарале медицинска помош откако конзумирале дрога позната под името „Снагатор“ во јужниот дел на Полска, соопшти денеска локалната полиција.

Уживателите на дрогата, во најголем дел од полскиот град Катовице почнале да ги полнат болниците во четвртокот.

Три лица се притворени под сомнеж дека тргувале со дрога и може да се соочат со казни затвор до 10 години.

Дрогата „снагатор“ порано можело легално да биде произведувана, но од почетокот на јули е ставена на лсита на забранети наркотици во Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.