Свет

Полска најавува санкции за Русија

Полска најавува санкции за Русија

Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, ја најавил можноста од понеделник да бидат воведени санкции за Русија.

„Ние разгледуваме најразлични опции. Доколку не се преземе нешто во правец на деескалација и референдумот во недела да се одржи, како што е најавено, тогаш в понеделник на Советот на Европската унија во Брисел ќе ја претставиме листата санкции“, рекол Сикорски.

Тој упатил критики до поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

„Срамно е за еден поранешен германски канцелар да биде вработен во ’Гаспром’. Европската комисија би требало да ја забрза својата работа и да создаде еден конкурентен европски пазар на гас. Потоа фирмите ќе мора да ги поддржуваат правилата на слободен пазар“, додал Сикорски.