Свет

Полска: Русија може да ја преземе целата територија на Украина

Полска: Русија може да ја преземе целата територија на Украина

Варшава не ја исклучува можноста руската армија да ги завземе не само југоисточните, туку и други делови на Украина и да дојде до границите на Полска. Ова денеска го истакнал полскиот министер за внатрешни работи Бартоломеј Сенкевич, пренесува „Радио Зет“.

„Всушност ние не знаеме каква ќе биде ситуацијата во следните шест месеци. Логиката на конфликтот, а станува збор за вооружен конфликт, лежи во тоа дека тој може да достигне и до нашите граници“, рекол Сенкевич, истакнувајќи дека во моментов полските власти не гледаат закана за Полска поради кризата во Украина.