Полска: Свештеник осуден на осум години затвор поради педофилија

На свештеникот му е забранет пристап до жртвите, кои во време на злосторството имале помалку од 15 години, како и дека во иднина нема да смее да подучува деца.

Четириесет и деветгодишниот свештеник, кој на судењето изјавил дека не е виновен, уапсен е во април откако една од неговите жртви обелоденила дека свештеникот го злоставувал во 2007-ма и 2008-ма година.

На судењето било откриено дека свештеникот ја добил довербата од дечињата, така што им понудил пари и им ставал кредит на мобилните телефони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.