Полска, Украина и Литванија со заедничка воена бригада

Заедничка воена бригада со штаб во Полска за зајакнување на воената соработка и учество во мировни мисии фрмираа Полска, Украина и Литванија.

Министрите за одбрана на трите земји го потпишаа вчера документот за формирање на бригадата, која ќе брои неколку илјади војници.

Полското Министерство за одбрана соопшти дека работата за формирање на бригадата почнала во 2007 година. Штабот ќе биде базиран во полскиот град Љублин.

Министерството додаде дека бригадата ќе дејствува под покровителство на Обединетите нации, НАТО и Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.