Полска: Владејачката партија го повлече предлогот за ограничување на медиумите

Полската владејачка партија Право и правда го повлече предлогот да се ограничи пристап на медиумите до парламентот.

– Одиме чекор наназад. Се одлучивме да се вратиме на старите правила, нема да ги менуваме, изјави портпаролот на Горниот дом Станислав Карчевски.

Предлогот на таа партија да се ограничи пристап на медиумите предизвика протести на опозицијата чии претставници и понатаму блокираат приод кон говорницата во Долниот дом.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.