понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 59

Полската опозиција ја прекина „окупацијата“ на Парламентот

Лидерот на Граѓанска платформа, Гжегож Схетина изјави дека партијата бара оставка на претседателот на Сејмот, Марек Кухчински, кого го обвинуваат за кризата.

polska

Последни вести

Полската либерална опозиција одлучи да ја прекине „окупацијата“ на Парламентот, која почна на 16 декември во знак на протест поради ограничувањата на пристапот за новинари во парламентот  и незаконското, како што тврдат, гласање на буџетот за 2017 година.

Лидерот на Граѓанска платформа, Гжегож Схетина изјави дека партијата бара оставка на претседателот на Сејмот, Марек Кухчински, кого го обвинуваат за кризата.

– Го постигнавме главното – враќање на медиумите во Парламентот, посочи Схетина, додавајќи дека тоа е крај само на една етапа и почеток на друга.

Тој побара претседателот на Полска, Анджеј Дуда да не го потпишува законот за буџет.

Претседателот на Сејмот, Кухчински денеска изјави дека денешната парламентарна седница се одложува за 25 јануари.

– Неопходна е подлабока анализа на тоа што се случуваше во последните недели во Парламентот, посочи Кухчански.

Најчитани вести