Полски државјани направиле лом: Украле кола, јакна, мобилен…

Двајца полски државјани направиле вистински хаос, крадејќи автомобил, кожна јакна, мобилен телефон и лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 29-ти минатиот мецес, 23-годишниот С.Ј и три години помладиот Ф.Д.Б., двајцата полски државјани, украле автомобил „Опел кадет“, со кој што од Скопје заминале за Охрид.

На крајот на март, кај манастрискиот комплекс во Калишта, на повозрасен жител на Струга му украле кожна јакна, 800 денари, мобилен телефон и лични документи.

Полицијата извршила претрес во апартманот во Охрид каде што биле сместени полските државјани, каде што се пронајдени различни видови на алат.

На двајцата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.