Полски судии ќе ја делат правдата на реваншот во Ѓер

Познати се и арбитрите кои ќе ја делат правдата на реванш дуелот од четврт-финалето во ракометната Лига на шампионки.

Полјаците Марек Барановски и Богдан Лемановиц ќе го судат саботниот натпревар меѓу Ѓер и Вардар.

Делегат на Европската ракометна федерација е Јанка Стасова од Словачка додека судењето ќе го контролира Пер Мортен Содал од Норвешка.

Дуелот во Ѓер се игра в сабота со почеток од 16:30 часот.