Свет

Рокада во врвот на владата во Варшава Полскиот министер за финансии Моравјецки премиер наместо Шидло

Полскиот министер за финансии Моравјецки премиер наместо Шидло

Вицепремиерот и министер за финансии Матеуш Моравјецки ќе ја замени Беата Шидло на чело на конзервативната влада, објави во четвртокот владејачката партија Правда и справедливост (PIS).

Портпаролката на владејачката партија, Беата Мазурек, појасни дека е потребно соочување со новите задачи во областа на надворешната и внатрешната политика на Полска.

Премиерката Беата Шидло ја предала својата оставка до политичкиот комитет на партијата Првда и справедливост (PiS), која ја прифатил изјави портпаролката за новинарите. Комитетот за функцијата премиер ја предложил кандидатурата на вицепремиерот и министер за финанси, Матеуш Моравјецки.

„Последните месеци се донесени бројни важни промени во внатрешната и меѓународната политика“, рече Мазурек.

Политичките коментатори сметат дека партијата планира повеќе да се насочи на економските политики во скора иднина, во што може да биде корисно финансиското искуство на Моравјецки.

Со зголемувањето на задачите во големиот план на промени на PiS, настапува потребата за коригирање на составот на владата. Портпаролката изјави дека Беата Шидло треба да остане во владата на местото заменик на премиерот. Новинската агенција PAP наведува дека другите кадровски промени во владата ќе се одвиваат во јануари.

 

Кој е Моравјецки, банкар кој се залага за социјална политика

Идниот полски премиер, 49-годишниот Матеуш Моравјецки е поранешен банкар. Студирал историја на универзитетот во Вроцлав и економија и право во САД., Германија и Швајцарија. Во 2015 година се откажа од извонредно добро платеното место на претседател на „Bank Zachodni WBK“ и влезе во владата на PiS како министер за развој и вицепремиер, а во 2016 година го презема портфељот за финансии.

Син на радикален противник на комунизмот. Моравјецки е познат по неговото залагање за социјалната политика. „Потценувањето на улогата на државата во градењето на современата економска архитектура претставува грев и апсолутна грешка“, изјави неодамна во дебата за еволуцијата на земјата по падот на комунистичкиот режим од 1989 година.

Многу е критички настроен кон своите либерални претходници. Моравјецки е добар говорник кој се залага за иновации и вложувања, финансирани со буџетски штедења и зголемување на приходите. Сака од Полска да создаде сила на високите технологии до 2030 година.

„Полскиот сон“ за кој говори и се обидува да го оствари преку „планот Моравјецки“ се состои, во прв ред, во еднаквата достапност за сите Полјаци на основните добра, работата и домувањето, а тоа претставува да ги обвини елитите дека не пружиле еднакви можности за сите граѓани.

Моравјецки, исто така, е потписник и на социјалната програма на владата, кој е финансиски многу тежок, со детски додаток по второто дете од 115 евра по дете, намалување на возраста за пензионирање, враќање на пари за лековите за старите лица, зголемување на платите итн.

Смета дека улогата на министерството коешто го предводеше е да ги осигури потребните фондови, особено со беспоштедна борба против фискалните измами и кражби.

„Ќе водиме беспоштедна борба против криминалците и мафијашите со помор на технологиите на 21-от век“, вети неодамна во интервјуто за весникот Gazeta Polska.

Маровјецки е оженет и татко на четири деца, фудбалски и вљубеник во пинг-понгот. Зборува англиски, германски и руски јазик.