Полскиот премиер предизвика бура зборувајќи за учество на Евреи во холокаустот

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во саботата подигна бура зборувајќи за „Евреите коишто ги правеле“ холокаустот, бранејќи го неодамнешниот закон којашто треба да ја заштити Полска од поистоветувањата и обвинувањето за помагање на германските нацисти во геноцидот во Втората светска војна.

Израелскиот новинар Ронен Бергман го праша полскиот премиер Матеуш Моравјецки дали би бил казнет во Полска доколку раскаже што се случило со членовите на неговото семејство кое било депортирано откако соседите Полјаци ги пријавила на тајната нацистичка полиција Гестапо.

„Не би биле казнети, бидејќи не е кривично дело доколку кажете дека имало Полјаци извршители (на геноцидот над Евреите“, како што имало извршители Евреи, Руси и Украинци а не само Германци коишто тоа го правеле“, изјави Моравјецки на англиски на 54-та Минхенска безбедносна конференција, кого го цитираше израелскиот дневен весник Yedioth Ahronoth.

„Секако дека нема да има гонење на луѓето кои велат дека меѓу сторителите имало и Полјаци, бидејќи ги имало. Но не можеме да ги изедначуваме сторителите и жртвите, бидејќи тоа бои било навреда за сите Евреи и за сите Полјаци кои толку пателе во Втората светска војна“, додаде полскиот премиер.

На оваа изјава веднаш реагираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го осуди Моравјецки затоа што рекол дека имало и Евреи коишто учествувале во холокаустот.

„Нечуени се зборовите на полскиот премиер во Мин хен. Тука станува збор за неспособност да се сфати историјата и недостиг од чувствителност за трагедијата на нашиот народ“, рече Нетанјаху кој исто така престојува во Минхен и порача „имам намера со него (полскиот премиер) да разговарам во најскоро време“, пренесе службата за односи со јавноста на израелскиот премиер.

На 6-ти февруари полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша законот кој го изгласа парламентот за Институтот на националната меморија, кој предвидува казна за користење на формулацијата „полски логори на смртта“ и изјави за учество на полската нација во холокаустот. Полскиот претседател истовремено ја објави својата намера да го искористи своето право да ги право да провери дали новиот пропис е соодветен на уставот на земјата испраќајќи го законот до Уставниот суд. Израел го доживува овој закон како ограничување на слободата на говорот, а го критикуваа и САД, кок ќе оневозможи отворена дискусија за злосторствата извршени врз Евреите во текот на Втората светска војна, како и обид да се наметне казна за сведочењето на жртвите на холокаустот.