Полскиот претседател го потпиша законот за реформа во судството на кој се противи ЕУ

Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша законот кој го усвои владејачката конзервативна партија Право и справедливост (PiS) со којашто, според толкувањата на противниците, на министерот за правда му дава овластувања да именува и сменува челници во судовите во државата.

„Претседателот го потпиша законот од 12 јули“, објави заменикот на шефот на кабинетот на полскиот претседател на официјалната интернет страница.

Опозициските демонстранти од претседателот Анджеј Дуда во понеделникот бараа да не го потпишува овој закон откако стави вето на два од трите предлог-закони кои беа потврдени во двата дома на полскиот парламент. Дида го сопре Законот за Врховниот суд и Законот за државниот судски совет што предизвика изненадување кај партијата Право и справедливост (PiS) на којашто е близок и го поддржа на претседателските избори пред речиси три години.

Полската влада во понеделникот доцна ноќта извести дека ќе ја продолжи својата оспорувана реформа на правосудството и покрај споменатото вето од шефот на државата.

„Нема да попуштиме пред притисоците на улицата и странските земји“, истакна полската премиерка Беата Шидло на јавната полска телевизија. Истовремено изрази жалење што претседателското вето ја „забавува реформата“ и „можеби не е разбирлива за оние кои очекуваат добри промени“, што беше слоганот на нејзината партија Право и справедливост (PiS) на последните парламентарни избори есента 2015 година кога надмоќно победи.

Ветото од претседателот Анжеј Дуда „го сфаќаат како поттик за оние коишто се борат за зачувување на неправедниот систем, системот на големи и мали злоупотреби и притисоци врз многу чесни граѓани“, изјави премиерката Шидло.

Шидло реагираше на забраната којашто претседателот Дуда во понеделникот утрото ја стави на Законот за Врховниот суд и на Законот за државниот судски совет што ги изненади во PiS, партија којашто го поддржуваше и беше близок полскиот претседател.

Според толкувањата на полската опозиција и двата закона му даваат поголема улога на парламентот, односно на политичкото мнозинство и на министерот за правда при именувањето на судиите.

Критичарите и дома и во странство тврдат дека овие два закона ја поткопуваат независноста на полското судство. Од PiS, пак, нивното носење го оправдуваат со потребата судскиот систем да биде рационализиран и да се сузбие корупцијата на судиската „каста“.

И портпаролот на генералниот секретар на Советот на Европа, кој го критикуваше законот како и другите ЕУ- тела, Торнбјорн Јагланд, изарзи во Стразбур задоволство од ветото на Дуда. Критики на предложените реформи изрази и Европската унија, којашто се закани со досеа невидени санкции против Варшава, американскиот Стејт департмент и други фактори на меѓународната сцена.

Како одговорт на тоа, полскиот министер за надворешни работи, Витолд Вашчиковски, во понеделникот изјави дека протестите кои со седмици ги организира опозицијата во Полска поради контроверзните реформи за изборот на уставните судии ги финансираат медиумски концерни, банки и меѓународни корпорации, а опозицијата и дел од европските сили не сакаат да ги признаат резултатите од претседателските и парламентарните избори во земјата.

Европската комисија во средата ја повика Варшава „да ја прекине“ реформата на полскиот правосуден систем заканувајќи се со санкции. Полската власт презема реформи во кадровското именување во Врховниот суд и во медиумите, што се толкува со како желба за зголемување на контролата на власт над правосудството и медиумите.

„Опозицијата и дел од европските сили не можат да се помират со резултатите од претседателските и парламентарните избори… Ние се соочуваме со обид за соборување на владата. Прашањето за судовите, на различните реформи е само предлог“, изјави Вашиковски во разговор за полскиот јавен сервис.

Според него, протестите во Полска не се така масовни како што ги прикажуваат особено странските медиуми.

„Зад нив (протестите) стојат огромни пари и влијанија. Тоа се медиумски концерни, банки и меѓународни корпорации. Станува збор за сериозни сили коишто во моментов се мешаат во внатрешните работи на Полска“, истакна шефот на дипломатијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.