четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Полубратот на Адел: На сестра ми две години не сум и рекол ниту „Хелоу“

Полубратот на Адел признава дека воопшто не разговарал со неговата сестра во последните две години.

polubrat-adel

Поврзани вести

Полубратот на Адел признава дека воопшто не разговарал со неговата сестра во последните две години.

Камерон О Саливан и Адел го имаат истиот таткот Мaрк Еванс, но нивните животи не би можеле да бидат поразлични.

Додека Адел поседува имоти во Сасекс и Лондон што вредат над 10 милиони фунти, Камерон живее со неговата мајка Шиобан во куќа вредна околу 150.000 фунти во малото гратче Лантвит Мејџор во Јужен Велс.

adel

И додека неговата 27-годишна сестра патува со приватен авион околу светот, рагбистот Камерон (20) секојдневно се вози по 45 минути си воз за да стигне во Кардиф каде студира спортска медицина.

Тешко е затоа што речиси никогаш не се гледаме. Не сме блиски и тоа е најтешко. Навистина сум близок со мајка и’ Пени, но тоа е тоа. Постојано контактирам со Пени по телефон, но речиси и да не говорам со Адел. Нема ништо таму, таа е толку зафатена и ние не сме блиски. Не сум разговарал со неа некое време, вели тој за британски „Сан“.

Најчитани вести