Полуфинале во двојки за Ѓорческа на „Кроација Опен“

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето во конкуренција на двојки на ВТА турнирот „Кроација Опен“ што се игра на островот Брач.

Таа заедно Александрина Најденова од Бугарија како трети носителки без поголеми проблеми за 61 минута ги победија Ивана Јоровиќ од Србија и Елица Костова од Бугарија со 2-0 во сетови.

Првиот сет македонско-бугарската комбинација го доби со 6:2 во гемови, а во вториот беше 6:4.

Утре во полуфиналето ќе играат со победничките од четвртфиналниот дуел меѓу вторите носителки: Ксенија Нол (Швајцарија) – Марина Заневска (Белгија) и Марија Сакари (Грција) – Сара Тормо (Шпанија).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.