Полуфиналната рунда реалност за Челзи и Реал (М)

Со многу среќа, пласман во следната, полуфинална рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, обезбедија фудбалерите на лондонскиот премиерлигаш Челзи и на шпанскиот гигант Реал (М).

Реванш 1/4 финалниот дуел на „Стемфорд Бриџ”, помеѓу претставниците на Англија и Франција, Челзи и ПСЖ, заврши со среќен триумф на домаќинот од 2:0, пласманот во следната рунда е обезбеден благодарение на најмалку посакуваното фудбалско правило, гол на гостински терен.

Домаќинот дојде до посакуваното водство во самиот финиш од првото полувреме откако германскиот интернационалец Андрес Шурле ја искористи збунетоста на гостинските дефанзивци, а погодокот вреден пласман во следната рунда, постигнат во 87 минута, беше дело на резервниот напаѓач, Демба Ба.
Пирова победа од 2:0 забележаа фудбалерите на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд на кои им беше потребен само уште еден погодок за целосно да ја анулираат големата позитива од три гола која ја имаше шпанскиот гигант Реал (М).
И првиот и вториот погодок на натпреварот беа дело на крилниот напаѓач, Марко Ројс, а во второто полувреме неколку чисти шанси не искористи ерменскиот интернационалец Михтариан.
Резултати: Челзи – ПСЖ 2:0 (вкупно 3:3), Борусија Д. – Реал (М) 2:0 (вкупно 2:3).