Помеѓу двата брана поројни врнежи, еве каква е состојбата во државава

Нови врнежи од снег и дожд, хидрометеоролозите најавуваат за вечерва. Доцна попладне  се очекува да настапи зголемување на облачноста кое во ноќните часови ќе услови нови врнежи. Надлежните сеуште се справуваат со штетите од поројните дождови, надојдените води во реките и прелевањето на браните. Кризниот штаб ги презема сите потребни мерки за заштита од последиците од поплавите и на терен будно ја следи состојбата.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Охрид – 11 литри на метар кадваратен, пет во Дебар, четири во Гевгелија, три во Струмица, Берово, Пожаране, два во Скопје – Зајчев рид, Крива Паланка и Претор, и по еден литар во Куманово, Тетово, Виница, Пожаране.

Во 7 часот изутринава најмногу снег има наврнато во Маврови Анови – 65 сантиметри, во Крушево наврнале 48 сантиметри, во Охрид, Претор и Пожаране по 12 сантиметри, четири во Крива Паланка, и по два во Дебар и Пожаране. Во Берово, Виница и Тополчани изменерени се по еден сантиметар снег.

Во текот на изминатиот викенд во Иаточна Македонија беше прогласена вонредна состојба, а најпогоден беше штиспкиот регион каде се очекуваше излевање на реката Брегалница и на браната Калиманци. Според Центарот за управување со кризи, во браната Калиманци состојбата се нормализира.

Според податоците, во 7 часот утрово, дотекот на вода во акумулацијата изнесува 73 м/3 вода, додека од браната истекуваат 66 м/3, што практично значи намалување на дотекот на вода за три пати, со оглед на тоа што во времето на прелевањето на акумулацијата, дотекот на вода беше околу 290 м/3. Се очекува во текот на денот да дојде до уште поголемо намалување на дотекот и истекот на водата, а со самото тоа и намалување на водостојот на водата во река Брегалница.

Поради дефект на главната водоводна линија која ги снабдува корисниците од регионалниот водовод од брана Турија, без вода за пиење денеска ќе останат корисниците од општините Струмица и Василево.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека без вода ќе бидат целиот град Струмица и селата Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци, Баница и Просениково и селата Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково.

Реката Струмица кај селото Владевци е претворена во езеро, а целосно се поплавени и голем број на земјоделски обработливи површини.

Инаку, во текот на вчерашниот ден Кризниот штаб  одржа состанок во општина Чешиново-Облешево и во Струмица.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за здравство Никола Тодоров и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го водеа состанокот.

Целта беше да се изврши проценка на здравствениот ризик по настанатите поплави, односно да се процени можноста за појава на заразни заболувања кај населението, а воедно и да се потсети на препораките за спречување на можна појава на заразни болести, како и препораките за користење вода за пиење во поплавените подрачја.

Од дождовите особено погоден беше и пелагониоскиот регион. Во санирање на  критичните точки на излевање на река Црна, ќе се вклучи и армијата со околу 150 свои припадници.

Кризниот штаб одлучи во местата каде има индивидуално снабдување со вода да се забрани нејзино користење, да се доставува питка вода и да се следи квалитетот на водата. По повлекувањето на водата ќе се изврши дезинфекција и дезинсекција, а медицински тимови ќе ги посетуваат жителите на поплавените региони.

Со поплави е зафатена и Преспа која се соочува се последиците од излевање на Голема Река, Источка река и други помали реки. Најпогодени се најниските делови на Преспа односно селата Долна и Горна Бела Црква, Езерани, Перово, Дрмени, Козјак, Волкодери, Покрвеник  а, излевања имаше и во Сопотско.

Покрај големиот број причинети штети и поплавувањето на земјоделските обработливи површини, поплавите го отежнаа и сообраќајот во земјава.

Поради излевање на реката Вардар на коловозот, сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин. Излевање на водите од Вардар предизвикаа прекин и на патниот правец Демир Капија-Корешница. Поради излевање на реката Брегалница превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село. Патниот правец Прилеп-Крушево во близина на село Врбјани е во прекин, а исто и помеѓу селата Боротино, Обрашани и Кривогаштани.

Магистрален пат А-3 Делчево-Кочани е пренасочен по Р 2345 преку село Бигла поради поголеми одрони кај м.в Драките. Сообраќајот за сите сите видови на моторни возила на локалниот пат крстосница 20 ти км брана Мантово е непрооден поради излевање на реките.

Од крстосница за влез во централното градско подрачје на Штип сообраќајот е затворен за сите моторни возила.

Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на регионалниот пат Р-2232 кај м.в Глобица атар на село Ратавица поради свлечување на брегот и на поголем дел од коловозот во ширина сообраќајот е во прекин, локалниот пат село Ратавица према село Бунеш е во прекин поради поткопување на патот и рушење на мостот на река Злетовица.

Сообраќајот е во прекин и на патниот правец село Горни Подлог-село Мојанци поради излевање на река Масалница и патниот правец према с. Кучичино поради излевање на реката Брегалница.

 

Регионален пат Крушево-с.Пуста Река не е прооден поради тоа што екипа на Македонија пат не е помината. Чистењето на тој патен правец е во текот на денот.

Прекин на сообраќајот има на следните патни правци: регионален патен правец с.Мало Коњари-с.Кадино Село како и патниот правец Прилеп-Кривогаштани на м.в Бегова Ливада има премногу вода, но не е во прекин.

Сообраќајот на патен правци Кочани – Зрновци и Трботивиште-Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на р. Брегалница.

Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

Забраната за движење поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е се уште во тек.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.

Регионалниот патен правец с.Новаци-Рибарци-Гнеотино-Брод, како и патот од с.Кременица до с. Гремијан се под вода и на истиот има поголеми оштетувања.

На патниот правец Делчево – Македонска Каменица на 14-тиот и на 27-миот километар во должина од 200 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Мостот на реката во с. Гремијан е пред уривање.

На патниот правец Р1306 Прилеп-Кривогаштани-Крушево на поради излевање на одводните канали на коловозот има вода во висина од 20см. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.