Помина точно една декада од моментот кога Роналдињо ги понижи “кралевите” среде Мадрид

Поминаа точно 10 години откако бразилскиот волшебник Роналдињо ги понижи фудбалерите на Реал среде Мадрид

Веројатно нема љубител на фудбалот кој не се сеќава на тој 19 ноември 2005 година, кога бразилскиот фудбалски виртуоз Роналдињо на “Сантијаго Бернабе” си поигруваше со фудбалерите на Реал Мадрид и буквално сам ги победи (3:0).

Одбраната немаше одговор за него, па многумина ова негово издание го сметаат за убедливо најдобро во дресот на Барселона, иако тој помина фантастични пет години во каталонскиот клуб.

Како награда за она што го покажа, Роналдињо по својот втор, а тимски трет гол беше награден со аплауз од навивачите на Реал Мадрид како втор фудбалер на Барселона во историјата кој предизвикал такво нешто, по Диего Марадона.