ПОМОГНЕТЕ: Донирајте за транспорт на телото на загинатиот Македонец во Шпанија

Триесет и три годишниот Сашко Коцев од штипско Ново Село пред неколку дена загина во бизарна сообраќајна несреќа во Валенсија, Шпанија. Неговото тело во петок треба да биде транспортирано од Шпанија во Македонија.

Заради тешката финансиска состојба на семејството, општина Штип покрена акција за прибирање на средства и затоа уште еднаш апелираме, до сите правни и физички лица да донираат на телефонот 077 143 600, каде цената на донацијата е 100 денари од повик односно 118 со ДДВ.

Но, сите оние кои сакаат да донираат поголема сума, можат средствата да ги уплатат на трансакциска сметка на таткото на починатиот, Томислав Коцев во НЛБ тутунска банка, сметка број 210501596059292 со назнака, донација за Сашко Коцев.