Магазин,Секс

Помогнете му да издржи повеќе

Помогнете му да издржи повеќе

Што можеме да направиме за да го подобриме сексот со нашиот партнер?

Сите понекогаш сме ги правеле познатите Кегелови вежби и сме се надевале на незаборавно искуство. Но, мажите многу често се склони да го завршат она прекрасно искуство наречено водење љубов!

Сексолозите открија дека прераната ејакулација може да се излечи, а истражувањето го спровеле експертите од Европската асоцијација на уролози во Стокхолм.

seks-1379174809-13964

Истражувањето е извршено на 40 мажи на возраст од 19 до 46 години кои пателе од прерана ејакулација.

Прерана ејакулација е онаа која се случува една минута откако пенисот ќе се смести во вагината.

seks-1380308434-15530

Решението до кое е дојдено е дека мажите треба да прават едноставни вежби со карлицата за да го спречат овој проблем. Овие вежби се слични со Кегеловите вежби кои ги прават жените, а кои го зајакнуваат генталното подрачје кај двата пола.

Покрај вежбите, постојат и специјализирани кондоми, вежби со електрични стимулации, анестезирачки креми, но вежби кои се засноваат слично на Кегеловите се најдобри бидејќи имаат скоро исто делување, а мажите притоа се сигурни во себе.

Жените, пак, кои сакаат да му помогнат на својот партнер да има успешен сексуален живот, можат да се согласат заедно да вежбаат.