четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Поморот на пчелните семејства и нелојалната конкуренција, теми на Годишното собрание на пчеларите

На Годишното собрание, информира Сојузот, ќе стане збор и за продажбата на фалсификуван мед во Македонија. - Ќе разговараме за нелојалната конкуренција која дополнително ја комплицира ситуацијата во секторот. „Стоп за продажбата на фалсификуван мед“, ќе биде пораката што ќе ја испратиме од Собранието, велат пчеларите.

133530308

Поврзани вести

Околу 50 – 60 проценти, а кај некои производители на мед и 80-90 отсто достигнале загубите на пчелните семејства во текот на зимата. Кои се причините за ваквата состојба во пчеларството ќе се дискутира денеска, на Годишното собрание на Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија.
Собранието ќе се одржи на Факултетот за ветеринарна медицина и на него, освен пчелари, ќе присуствуваат и претставници на науката, ветеринари и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, како и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
На Годишното собрание, информира Сојузот, ќе стане збор и за продажбата на фалсификуван мед во Македонија. – Ќе разговараме за нелојалната конкуренција која дополнително ја комплицира ситуацијата во секторот. „Стоп за продажбата на фалсификуван мед“, ќе биде пораката што ќе ја испратиме од Собранието, велат пчеларите.

Најчитани вести