Со помош на ИПА средствата реновирано средното економско училиште во Прилеп

Заменета е старата столарија со нова од  ПВЦ материјал, поставена е термоизолациска фасада, заменет е покривот и поставена е громобранска инсталација.

– Општина Прилеп покажува дека со своите проекти успева да обезбеди средства од Европската унија преку ИПА инструментот, каде што има сериозна конкуренција на идеи и знаење. Ова е втор проект за прекугранина соработка на Прилеп. На последниот јавен повик за прекугранична соработка со Грција, општина Прилеп во партнерство со општина Кавадарци, со Економскиот факултет и со организација од Битола има аплицирано со уште три проекти, рече заменик-министерот Пренџов.

Тој истакна дека Министерството за локална самоуправа има подеднаков третман на сите учесници во јавните повици за прекугранична соработка. Според него, општините покажуваат се поголем интерес и подготвеност да аплицираат и на овој начин да обезбедат дополнителни средства.

Поддршката од Министерството за локална самоуправа, како што рече Пренџов, е присутна и преку финансирање на проектите за регионален развој. Во 2016 година во Пелагонискиот плански регион се финансирани пет проекти во вкупна вредност од  21 милион и 330 илјади денари, за модернизација на регионалниот пазар, за подобрување на регионалната туристичка понуда, за регулирање на коритото на Црна река, изградба на дел од регионалниот пат Р 2235, како и осветлување на сообраќајните клучки на регионалниот пат Р 13 08.

– Средствата за регионален развој во 2016 се скоро дуплирани во однос на 2015 година. Во Пеалагонискиот плански регион беа распределени 11 милиони денари, за разлика од годинашните 21,3 милиони денари, што покажува тренд на значителна поддршка на регионални проекти од централниот буџет, рече Пренџов.

Проектот за обезбедување на енергетска ефикасност во општината е во вредност од 80.000 евра, обезбедени од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка. Средствата за кофинансирање во вредност од 15 отсто ги обезбедува Министерството за локална самоуправа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.