Помош од Кисела Вода: 2 милиони денари за најоштетените од поплавата и 600.000 денари за општина Гази Баба

Вонредна седница која започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од невремето, одржа денес Советот на општина Кисела Вода.

Средствата ќе бидат исплатени врз основа на категоризацијата на штетата, евидентирана во направените записници од страна на Комисиите за проценка на штетите кои се сочинети од по тројца вработени во општината и по двајца советници и од позицијата и од опозицијата.

Парична помош во висина од 600.000,00 денари, општина Кисела Вода издвои како помош за општина Гази Баба, како најпогодено подрачје од поплавите. И оваа одлука беше акламативно поддржана од страна на сите советници.

Воедно, во тек е хуманитарна собирна акција која општина Кисела Вода ја организираше за помош на населението кое претрпе штети. Истата се одвива во сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, кои работат со продолжено работно време, од  06:30 до 22 часот.

На овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности веќе донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.