Помош за станарите од опожарената зграда во населбата Даме Груев

Вработените во општина Ѓорче Петров излегоа на терен за да им помогнат на жителите од населбата Даме Груев, лоцирани на улицата „Лука Геров“ зграда бр.40/4, чии станови беа опожарени во неделата.

Како што информира општина Ѓорче Петров, градоначалникот Сокол Митровски примил претставници од оштетените станари кои побарале општината да им помогне во рамки на своите можности. Жителите побарале бојадисување на главниот влез, промена на стаклата во влезот, чистење и санација на фасадата на зградата…

Пожарот, кој избувнал на вториот кат, се проширил брзо и на останатите два ката од зградата на улицата „Лука Геров“ во населбата Даме Груев. Дел од станарите кои веднаш биле хоспитализирани во Клиничката болница „Мајка Тереза“ се во стабилна состојба. Засега причините за пожарот, кој избил во стан број 3 не се познати.