Помошник генералниот секретар на ООН за човекови права во посета на Македонија

Помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права, Иван Шимоновиќ, доаѓа во дводневна посета на Македонија од 21 до 22 мај.

Ова ќе биде прва официјална посета во земјата од висок претставник на Обединетите нации за човековите права од 1999 година. Шимоновиќ ќе биде придружуван од колеги од Одделението на Обединетите нации за политички прашања.

Тој ќе оствари средби со највисоките претставници од Владата, лидери на политички партии, народниот правобранител, претставници од граѓанското општество кои работат на унапредување на човекови права, агенциите на Обединетите нации и претставници од меѓународната заедница во земјата.

Шимоновиќ е помошник генерален секретар на Обединетите нации за човекови права од јули 2010 година.  Тој е раководител на Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права во Њујорк.