Помпео смета дека е можен мир на Блискиот исток и укинување на санкциите за Северна Кореја

© REUTERS/Eric Thayer

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во неделата рече дека САД ќе се согласат на укинување на санкциите за Северна Кореја доколку оваа земја се согласи целосно да ја укине својата нуклеарната програма, што би создало економски напредок кој „ќе биде конкурент“ на оној на Јужна Кореја.

Зборувајќи неколку утрински емисии на американските телевизии, шефот на американската дипломатија Мајк Помпео рече Дека САД не се расположени да ги вложуваат парите на американските даночни обврзници за да ѝ помогнат на Северна Кореја, но радо ќе ги „укинат санкциите“ за да се отвори патот за приватните американските инвестиции во севернокорејските енергетски, земјоделски и инфраструктурни сектори.

Изјавата на Помпео доаѓа во пресрет на планираната средба на 12-ти јуни во Сингапур меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, кој е првите состанок на врвот меѓу двете земји.

„Она што претседателот Ким ќе го добие од Америка е нашето најдобро: нашите претприемачи кои ризикуваат, напите даватели на капитал… Ќе добие приватен капитал кој ќе влезе. На Северна Кореја очајнички ѝ е потребна енергија (…) за нивните луѓе. Многу им е потребна земјоделска оправа и технологија“, рече Помпео во емисијата „Соочи се со нацијата“ на телевизиската мрежа CBS News.

„Можеме да создадеме услови за реален економски развој за севернокорејскиот народ кој ќе биде конкурентен на оној кој го има Југот. Тоа е нашето очекување. Тоа нема да бидат американските даночни обврзници“, додаде Помпео.

Севернокорејските државни медиуми известија во текот на викендот дека е планирано јавна церемонија на затворањето на нуклеарниот полигон кон крајот на мај. Помпео во неделата ги поздрави овие планови.

„Секој поединечен полигон кој го има Северна Кореја и кој може да го доведе во опасност американскиот народ, кој е уништен, отстранет, демонтиран… е добра вест за американскиот народ и за светот“, рече Помпео во неделната емисија за Fox News.

Подоцна во неделата Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, оценија дека е можен израелско-палестински мировен договор, и покрај преселбата на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим што е жестоко критикувано од Палестинците, муслиманските регионални и европски сојузници на Вашингтон. Преселбата на дипломатската мисија ќе се случи во понеделник и истовремено значи и напуштање на децениската американска дипломатска традиција.

„Мировниот процес сигурно не е мртов. Се надеваме дека и долу ќе најдеме поволно решени“, рече Помпео за Fox.

Болтон, пак, смета дека преселувањето на амбасадата воопшто не го поткопува мировниот процес, туку дека го „олеснува“.,

„Тоа е признавање на стварноста. Признавањето на реалноста секогаш ја зголемува веројатноста за постигнување мир“, истакна Болтон во неделата во разговорот за американската телевизиска мрежа ABC News.

Според најавите, илјадници Палестинци во понеделникот ќе излезат на границата меѓу енклавата Појасот Газа и Израел, за да протестираат против отворањето на американската амбасада во Ерусалим, поточно за признавањето на овој град за престолнина на Израел, а Палестинците неговиот источен дел го сакаат за главен град на нивната идна држава.

„Не реагираат добро… Сметам дека со текот на времето ќе го променат мислењето и ќе сфатат дека САД и натаму подаваат рака за помирување. САД се тука да им помогнат на Палестинците. Мислам дека ќе оствариме напредок“ во мировниот процес, изјави во разговорот за Fox News, Давид Фридман, американски амбасадор во Израел.