Помпео верува дека Пјонгјанг разбира што значи денуклеаризација

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека верува оти Северна Кореја разбира колку САД сакаат целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, додека двете земји преговараат за ова прашање по неодамнешниот самит на американскиот претседател Донлад Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.

„Ние сме доста недвосмислени во нашите разговори за тоа на што мислиме кога велиме целосна денуклеаризација“, рече Помпео во средата на сослушувањето во Сенатот.

Помпео рече дека ќе води преговори со Пјонгјанг и дека е оптимист оти САД ќе ги добијат назад посмртните останки од американските војници од Корејската војна „во не толку далечна иднина“.

Пред сенаторите, државниот секретар кажа и дека претседателот Трамп на средбата со рускиот колега Путин ќе го истакне наводното руско мешање во американските избори како неприфатливо.

Одговарајќи на прашањето дали Русија би требало да биде дел од Г7, поранешната Г8 од која беше изопштена поради конфликот во Украина за кој Западот ја обвинува Москва, што го спомена Трамп на самитот во Канада, Помпео рече дека претседателот на САД би требало за тоа да каже самиот. „Претседателот длабоко верува дека не може да се избегне Русија да биоде дел од тие важни геостратешки разговори (…)“, рече.