И понатаму неизвесно помеѓу Трамп и Клинтон

На внатрепартиските избори во четири американски сојузни држави, Доналд Трамп и Тед Круз оствартија по две победи, што укажува на тоа дека и покрај тоа што Трамп се смета за фаворит и понатаму е неизвесно кој ќе ја освои номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД.

Резултатите се поделени и кај Демократската партија бидејќи на изборите во три држави Берни Сандерс победи во Небраска и во Канзас, а Хилари Клинтон во Лујзијана.

Круз, актуелниот сенатор на Тексас, победи во Канзас и во Мејн, оценувајќи оти тоа е „манифестација на првата промена на насоката“ во која се движи кампањата.

Трамп, кој се смета за фавори за кандидатурата на републиканците на изборите победи во Лујзијана и во Кентаки.

Во трката за републикански делегати, Трамп досега освои гласовите од најмалку 375 делегати, а Криз 291. За да се освои номинацијата на Републиканската партија за претседател, потребно е вкупно 1.237 делагати.

За номинација на Демократската партија потребни се гласови од 2.383 делегати, а Клинтон има освоено 1.117, а Сандерс 447 гласови, вклучително и гласовите од суперделегатите, меѓу кои се конгресмени, гувернери на сојузни држави и претставници на партијата кои можат да поддржат кандидат по свој избор.