И понатаму ќе се вози со запалени светла дење?

Најверојатно и понатаму ќе се вози со запалени светла дење. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната јавна дебата за Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најави дека ќе поднесе амандаман со кој ќе бара и натаму да остане обврската возилата да се управуваат со запалени светла и дење.

И понатаму ќе се вози со запалени светла дење– Пратениците со амандмани ќе бараат одредбата да остане

Според пратениците и според претставници на неколку здруженија со управувањето на возилата со запалени светла се зголемува безбедноста во сообраќајот.

И понатаму ќе се вози со запалени светла – Пратениците со амандмани ќе бараат одредбата да остане
И понатаму ќе се вози со запалени светла дење – Пратениците со амандмани ќе бараат одредбата да остане

Како што пренесува МИА, амандамни за овој закон освен ВМРО-ДПМНЕ најави и независната пратеничка Роза Топузовка Каревска, која смета дека текстот треба да претрпи измени. И таа смета дека сите треба да возат со запалени светла.

Нола Исмајловска-Старова смета дека оваа одредба треба да остане, но и дека треба да се разгледа одредбата која се однесува на малолетниците кои сакаат да добијат дозвола за управување автомобил, но и други членови од законот.

Според претставникот на Мото заедницата Благоја Мартиновски, безбедноста во сообраќајот е зголемена кога се вклучени светлата на возилото. Тој исто така нагласува оти во законот треба да биде наведено дека мотоциклистите мора да носат кацига, која задолжително треба да поседува безбедносен сертификат.

Исто така, тој побара лица кои поседуваат „Б“ возачка дозвола да имаат право да управуваат и скутери до 125 кубни сантиметри, а Мартиновски вели дека за мотоциклистите нелогичен е и членот 277 што се однесува на возач почетник.

На јавната дебата за Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што ја организираше Националниот совет за евроинтеграции, изнесени се бројни забелешки за законот како од пратениците така и од претставници на здруженија.